Feeling gorgeous in Marsin…

dsc_7692

Ме радуваат соработки каде спојот на прави личности создава прекрасна атмосфера при релизирање на фотосесија! Поводот овојпат беше новата колекција на Марија Трајанова односно брендот “Marsin“, која иако е нова на модната сцена можам слободно да кажам дека се вивна во групата на вистински професионалци. Најпрвин, бидејќи студирам Дизајн и инженеринг на облека како “професионална деформација” ја забележав добрата изработка на моделите, а како девојка би напоменала дека Марија знае како да направи да секоја жена се чувствува прекрасно и самоуверено во своја кожа бидејќи кроевите на самите модели ги истакнуваат сите женски адути.

dsc_76821

Малку ќе се навратам на самата проба пред фотосесијата и ќе ви откријам дека ми беше тешко да се одлучам за едно парче! Во целата колекција преовладуваа беж, црна, бела и црвената боја и изоставено е експериментирањето со бои, но умешност е што Марија со таа палета на бои направи колекција која не ве остава рамнодушен. Сексипилот во секој од моделите е нешто што се забалежува на прв поглед но тоа е се во рамките на добриот вкус. Секогаш сум сакала да носам живонски принт и не сум критички настроена кон принтот бидејки за мене важи правилото дека – Се може да изгледа убаво ако знаеш како да се носиш со истото, а Марија успеала на елегантен и префинет начин да го вклопи во колекцијата како и во претходната. Чистите кроеви даваа печат за нејзиниот бренд и досегашна работа, и верувам дека многу од вас како и јас самата едвај чекам да видам со што ќе изненади следната сезона!

dsc_7736

Кога сме кај самата фотосесија морам да кажам дека имаше преубава атмосфера. Заедно со прекрасните девојки Емилија и Александра, позирвме пред објективот на Ерина Богоева која одлично си ја заврши својата работа а за тоа говорат и самите фотографии! Не заборавајте да ги посетите нивните блогови и да ги видите нивните комбинации од фотосесијата!

За шминката и фризура се погрижија “Kariera plus“. Нивниот пристап кон работата е на високо ниво, без резервно се обидоа да се чувствуваме најубаво во своја кожа и бевме третирани онака како што доликува на секој моден блогер, со оглед на тоа дека навистина знаат која е нашата цел во модната индустрија. Конкретно за мојата фризура се погрижи Ирена Костадинова, а за  шминката Магдалена Костовска и по заедички договор бев презадоволна од крајниот резултат. Црвениот комбинизон кој го носев и беж комбинацијата кажуваа многу сами по себе, решив да ги комбинирам со златни салонки кои се вклопија совршено и дискретен накит во златна нијанса, а втората комбинација со високи чизми над колена кој се вистински хит сезонава.

dsc_8071

dsc_7879-1

Дизајнер: Марија Трајанова (Marsin)

Фотограф: Ерина Богоева

Шминка и фризура: Kariera plus

Обувки: Chantel

Со љубов,

ДЃуровска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s