It’s almost new year!

2

Сакам да бидам секогаш искрена кога пишувам, понекогаш можам подобро да се искажам ако тоа го срочам во текст. Јас како една од блогерките кај нас сакам да признаам дека иако веќе полека но сигурно сите ја знаат улогата на модните блогери во светот, мојата можеби и не е целосно иста. Јас го гледам тоа како платформа на која можеш креативно да се изразиш. Не многу често пишувам долги текстови но знам дека покрај многуте кои само “склолаат” низ сликите има и такви кои го читаат напишаното. Општо познато е дека блогерките се тие кои ги следат трендовите поседуваат скапи парчиња, преполни се нивните плакари со брендирана облека и така натаму…Мојата цел не е да пренесам слика која не е реална за мене.

20161230_163918

Kонкретно за мојот плакар, дека имам премногу облека тоа е точно дури не знам кај да ја ставам и тоа е веќе проблем, но дека и огромен дел од облеката ми е од мојата баба и дека тоа ме прави горда и тоа е точно! Како и секоја девојка сакам шопинг и не поминува сезона да не се подновам со некое парче кое можеби е и поинакво од мојот стил, го сакам спојот на винтиџ и трендовски парчиња но тие се секогаш се најмалку износените парчиња. иако треновите постојано се враќаат и стилот од 90тите, 80тите итн се забележува во многу парчиња кои се сега ин и тоа укажува дека 2000тите години и немаат свој посебен белег.

Од друга страна пак сета облека која ни е пласирана од брендовите ги прави девојките да изгледаат шаблонски односно да секоја втора девојка потсеќа со стилот на друга и да нема свој белег на облекување. Сметам дека културата за купување дизајнерски парчиња кај нас е сеуште на ниско ниво. Луѓето многу често одбираат да купат парче од бутиците кои ни се на располагање само затоа што е “исфорсирано” и се одлучуваат да го носат тоа наспрема уникатните парчиња на многуте нови млади дизајнери кај нас.

3

img_8743

Не велам дека е генерално во сите случаи но е многу често е така. Конкретно за мојата комбинација тоа е изглед кој дефинитивно е опција за тоа како би изгедала за новогодишната ноќ. Фустанот кој го носам е selfmade, а принтот you either love it or hate it. Секогаш се одлучувам за некој материјал што ќе ми остави многу впечаток и самиот по себе дава доста смел изглед па затоа решив да направам едноставен фустан со V израз.

1
hand painted bow tie #DGjurovska order on FB or IG profile

Ви посакувам најсреќна нова година и празници поминати со најмилите!

Со љубов,

ДЃуровска.

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s