SHE MADE IT HER PERSONAL STATEMENT!

3

Денови како овој не тераат да сфатиме колку малите работи не прават среќни! Првиот снег, имам 21 година и утрово немаше посреќно “дете” од мене.

Се навраќам малку на крајот на годината, кампањата на CTHRU  заврши, a јас сум пресреќна поради тоа што откако ја запознав и лично бев сигурна дека сме го правиле вистинскиот избор за девојката која беше одбрана за да биде наградена со ваучер од Zara.

Јелена е девојка која по некоја случајност е и блогерка, има прекрасен стил  а покрај тоа на нејзиниот блог можете да прочитате и научите некој рецепт плус за здрав начин на исхрана преку нејзните кулинарски приказни!

Не само што е појава која не останува незабележана уште на прв поглед, таа плени со харизма која е ќе ви оставам да ја доловите преку фотографиите на нејзиниот блог и инстаграм профил кои вреди да се видат!

Дружбата беше прекрасна, шопингот заврши одлично и таа беше задоволна од парчињата кои што ги одбра и реши да ја искорсти можноста да остатокот од ваучерот го употреби после празниците.

Неколку дена после шопигот Јелена замина на одмор во Тајланд, и додека го пишувам постот сфаќам колку се доловува еден паралелен свет на зима и лето во овие фотографии…Како љубител на лето додека седам со чајот до мене завиткана во топлото ќебе си ги “плакнам” очите со убавините кои таа ги сподели со нас на нејзинито инстаграм профил! На дел од нив ги има и парчињата од самиот шопинг па сакав да ви покажам некои комбинации кои можеби не би ви паднале на памет и ќе ви служат како инспирација!

Додека се надевам го читате мојот најнов блог пост сигурно со топол чај или кафе, не заборавајте да го ѕирнете и нејзиниот инстаграм профил и секако блогот на кој што пак ќе кажам има преинтересни содржини и ми е еден од новите омилени блогови кај нас!

Имајте најубав ден и среќни празници со вашите најблиски, оставете ги на страна негативните работи, бидете свои, ценете го секој изминат момент и уживајте во снегот кој сеуште непрекинато вее и сум сигурна дека го “разбуди” детето во вас!

Со љубов, до следниот блог пост

ДЃуровска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s