Go with the flow!

a11111

Дали некогаш сте помислиле дека треба некој да се смени? Да биде подобар во тоа што го работи, да се однeсува подобро со луѓето околу него, да секој негов чекор за вас е погрешен и треба да направи како што вие мислите дека треба? А дали сте се запрашале дали проблемот е подлабок од површниот свет кој вие го анализирате најчесто преку социјалните мрежи? Дали сметате дека можеби треба да почнете вие да се менувате и да работите на себе како личност? Сметам дека таму лежи проблемот кај сите нас… За овој брз начин на живот сметам дека премногу се занимаваме со тоа кој што кажал, направил…Не сфаќаме дека времето е богатство за секој од нас. Покрај сите можности за да се изразите креативно дали мислите дека времето го губите залудно? Тогаш превземете нешто. Пред некое време налетав на quote од непознат автор “If you don’t like where you are, move! You are not a tree!!! ” Ќе бидам искрена и ќе кажам дека понекогаш и јас заборавам да го практикувам тоа, но со секоја погрешна одлука се обидувам да направам 20 добри и не дека секогаш успева но секој ден е нов предизвик, секој ден имате милион причини да бидете позитивни, а доколку сметате дека не е така веројатно треба да се запрашате дали сте на правото место со правите луѓе во вистиснко време, или пак можеби со правите луѓе но во погрешно време. Go with the flow е тоа што сакам да ми стане новото добро утро, луѓето кои ме знаат да знаат дека секоја моја погрешна одлука не е намерна, дека позади секоја постпака стои различна приказна. Ја завршив годината и ја почнав новата со доста нови познанства, кажани зборови кои се животни лекции од луѓе кои речиси не ме ни познаваат а ми влеваат доверба без разлика на времето колку долго ги познавам. Се радувам на “хаосот” кој ми се случува, за сите изминати km низ скопјево за да ги завршам сите обврски во еден ден, за на крајот од денот да се чувствувам задоволна бидејќи сакам да постигнам се и свесна сум дека некои работи трпат последници но секогаш велам се ќе дојде на свое, луѓето понекогаш не разбираат но сите тие сигурно паметат која е мојата цел…Не признавам ништо помалку од тоа да 2017та ми биде една од најуспешните години во мојот живот а да истата е и најмалиот успех што допрва сакам да го остварам!

Која е вашата цел?

111

1

2222

2

33

3

Photographer : Rafiz Ferra 

Погледнете го неговиот IG и fan page на FB за да ја видите неговата досегашна работа. Ова беше нашата прва соработка и сум презадоволна од исходот а за тоа како помина фотосесијата зборат фотографиите.

Со љубов,

ДЃуровска

Advertisements

2 thoughts on “Go with the flow!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s