You are absolutely gorgeous by being You!

IMG_20170319_194613_762

Новата кампања на BU е во тек, сите оние кои ме следат на мојот инстаграм профил знаат дека ја најавив кампањата Absolute me која апсолутно ме прави среќна, самата тема на истата е инспиративна, најдобар начин да се опишете самите себе, да го оставите својот печат и секако да освоите супер награди.

Секоја од нас се труди да биде своја, да биде уникатна…Ќе ви откријам дека периодов кој измина добив пораки од девојки кои ми го разубавуваа денот велејќи дека ја следат мојата работи, дека им се допаѓа тоа што го правам и ги инспирирам, тоа е моето најголемо задоволство.

Мојот блог е мојот начин на живот, непосредно пред да започне и самата кампања бев дел од фотосесија односно портрети на 50 жени организирана од Францускиот институт каде бев почестена да се најдам во иста група со тие прекрасни дами. Целта беше секако денот на жената и секоја  нас накратко објасни како ги застапува правата на жената во нашето општество..

(…)Најголема инспирација во животот ми е поимот за една храбра и самоуверена жена која ги знае своите права, чие лично „јас“ е посилно од од сите препреки на кои наидува. Начинот на кој гледам на правата на една жена е умешноста да стои на своите зацртани цели, да ниту една личност или институција не дозволи да ги прегази нејзините можности во животот. Мојот моден блог го користам како платформа преку која се трудам да ги инспирирам сите жени што ја следат мојата работа. Ќе ја завршам мислата со реченицата дека сите постоиме со некоја причина, секој од нас има мисија кон која се впушта целосно и никој нема право да ја попречува целта кон која се стремиме. (…)

IMG_20170319_200815_876

stories4

Да се навратам на она што е и цел на овој блог пост…Можеби ова е и мојот најомилен BU парфем кој ме потсеќа на пролет со неговите цветни ноти, верувам дека нема девојка која нема да и ужива во прекрасниот мирис.

Како да учевствувате?

Направете ја својата уникатна приказна преку пријавување на веб платформата на B.U. Регистрирајте се преку Facebook или преку вашиот e-mail, пополните ги бараните информации, изберете наслов и започнете со вашата Absolute me приказна.

Вашата приказна треба да содржи 5 фотографии или видеа кои ќе ги објавите во најмалку два различни дена кои не мора да бидат последователни, туку можете да ги објавите за целото време додека трае кампањата. По комплетирањето на вашата приказна (со објавување на фотографиите или видеата), можете да креирате и сопствено видео кое ќе содржи некои од вашите фотографии и истите ќе можете да ги споделите на социјалните мрежи. Фотографии и видеа ќе можете да прикачувате се до крајот на конкурсот. Секоја недела ќе се избира „Приказна на неделата” која ќе биде наградена (ќе бидат доделени 30 B.U. Absolute Me сетови со тоалетна вода 50 мл и дезодоранс 150 мл), а на крајот жирито ќе ги одбере добитниците на главните супер награди (iPhone 7 32 GB Rose gold и 2 карти за EXIT Festival).

IMG_20170319_203436_732

Wearing shirt and suit from Bella.

perfume: BU Absolute Me

Be the best version of yourself. Be Unique, Be You!

With love, DGjurovska

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s