Spring mood on!

IMG_20170320_224203_353

Верувам дека кај голем дел од луѓето е така, но кај мене апсолутно убавото време и сонцето ми влијае целосно на доброто расположение! Пролетта ми е најубаво годишно време, полесна облека, поведри лица секаде, искрено прекрасреќна сум!

IMG_20170318_112723_310

И овој пат во соработка со Tom Tailor ви даваме предлог комбинација која е совршена со овој период за годината исто како и на претходниот пост. Се одлучив за кежуал варијанта, фармерки кои се неизбежно парче во гардероберот на секоја девојка и јас ги обожувам, пролетна јакна во маслинеста боја која веднаш ми остави впечаток, сина кошула која може да се комбинира и во деловна и во варијанта како оваа, и секако нема да сум тоа јас ако не внесам малку боја во целиот изглед, овојпат со шарена марама со цветен дезен.

IMG_20170320_224306_329

Прво нешто и што мене ми е многу важно кога купувам облека е да е удобна и пријатна за носење и морам да признаам сите парчиња се како втора кожа. Искрено кога бирам нов пар фармерки имам често проблем да го најдам совршениот но не и овој пат мојот избор за летово се светло сините фармерки кој верувам ќе ги носам во многу комбинации бидејќи се премногу пријатни и одлично изгледаат.

На последите фотографии од постот има 3 варијанти од нив и ви откривам дека се на промоција по одлична цена. Јакната која ја одбрав како што кажав во маслинеста боја ја има и во тегет нијанса и е совршено пролетно парче во период кога сепак времето знае да изненади и со постудени денови.

1133

Се надевам дека ви се допадна комбинација и дека ви дадов идеа плус за нов пролетен оутфит!

Со љубов,

ДЃуровска

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s