Absolute me!

IMG_20170330_152547_298

Последен ден од март, ја денес одлучив да се одвојам од моите мартинки иако дрвјата веќе пред неколку недели расцветаа…И искрено ми беше доста од месецов кој колку и добри толку и напорни денови ми донесе…Животот е краток секој од нас треба да го живее со полна пареа, секој момент е оној вистинскиот ако сами го искреираме да е таков.

Кога последен пат го дадовте својот максимум? Да некоја работа можеби и не испадне добро но знаете дека сте се потрудиле до последниот атом сила…Инспиративни личности ми се водич секој ден, позитивни луѓе кои безусловно се даваат себе си а ние не знаеме што се крие во нив, дали можеби им се руши целиот свет а ние ги “јадеме” крадејќи од нивната енергија и си заминуваме…

IMG_20170330_150410_479

Сакам и се трудам да мојата негагивна енергија ја оставам некаде по улиците на Скопје, да испари… Да секој момент знам дека некому сум мотивација.. Иако на крајот од денот енергијата ми е сведена на минимум, и се запрашувам дали сум на правиот пат, следниот ден после првото утринско кафе се враќам на истата рута, зошто нели обврските се едно а тоа како се чувтсвувам и дали би сакала можеби цел ден да го поминам во кревет или во парк покрај езерце и да се втонам во тишина е друга работа… Едно знам никој и ништо нема да дозволам да го погази моето Апсолутно “Jaс”.

IMG_20170330_152540_264

IMG_20170330_152509_406

Мојот блог е мојот “издувен вентил”… Споделувам нешто што некој можеби и меѓу редови ќе сфати што сакам кажам и како се чувствувам

Ова е мојата приказна…која е вашата?

Бидете инспиративни користете го вашиот “издувен вентил” и изразете се креативно…Бидете дел од новата кампања на BU!

stories4

Како и од претходниот пост и овој пат ви споделувам како можете да бидете дел од кампањата и не ја пропуштајте шансата за забава и секако вредни награди меѓу кои и iPhone 7!

Како да учевствувате?

Направете ја својата уникатна приказна преку пријавување на веб платформата на B.U. Регистрирајте се преку Facebook или преку вашиот e-mail, пополните ги бараните информации, изберете наслов и започнете со вашата Absolute me приказна.

Вашата приказна треба да содржи 5 фотографии или видеа кои ќе ги објавите во најмалку два различни дена кои не мора да бидат последователни, туку можете да ги објавите за целото време додека трае кампањата. По комплетирањето на вашата приказна (со објавување на фотографиите или видеата), можете да креирате и сопствено видео кое ќе содржи некои од вашите фотографии и истите ќе можете да ги споделите на социјалните мрежи. Фотографии и видеа ќе можете да прикачувате се до крајот на конкурсот. Секоја недела ќе се избира „Приказна на неделата” која ќе биде наградена (ќе бидат доделени 30 B.U. Absolute Me сетови со тоалетна вода 50 мл и дезодоранс 150 мл), а на крајот жирито ќе ги одбере добитниците на главните супер награди (iPhone 7 32 GB Rose gold и 2 карти за EXIT Festival).

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s