Escape from reality

IMG_20170411_210644_805

Ви се случило ли да толку сте презаситени од се околу вас и едноставно мислите дека единствен начин да се “спасите” од хаосот е да избегате од градот неколку дена?

Епа баш така се чувствував и планираното патување во Вевчани-Струга-Охрид кое беше само 3 дена направи да избегам бар за кратко од реалноста и се случи во прав момент. Чист воздух, пријатни луѓе, постојано насмеани лица ми ги наполнија батериите за некој период.

Имав време да размислам за се што ми се случило периодов и дали сум постапила правилно за некои одлуки и резултатот е дека не си дадов одговор. Никогаш не можеме да знаеме што носи следниот ден, кој ќе го снема, кој повторно ќе се врати а кој засекогаш ќе замине од нашиот живот. Некогаш носиме одлуки кои се за миг донесени, непромислени но тоа е животот “go with the flow”. Премногу анализирање може само дополнително да не втурне во бездната на нашите сомнежи. Вистинските луѓе секогаш ќе бидат и ќе се вратат до нас, можеби не сега…некогаш кога сме спремни за тоа.

Не верувам во тоа “така требало да биде” но има нешто што потсвесно сами го правиме или сплетот на околности за да сфатиме дека сега не е време дека еден ден кога ќе погледнеме назад сигурни во себе ќе знаеме кој е исходот од нашите можеби и пребрзо донесени одлуки, но не сега.

Да се навратам на патувањето и морам да ви кажам дека поубаво саботно утроне можев да имам, без многу саати спиење сама се разбудив бидејќи нејќев да го пропуштам тој луксуз да го испијам своето прво кафе во дворот во куќата во Вевчани.

Чист воздух со поглед на охриското езеро и целиот дух на Вевчани, мало село кое чува голема енергија во себе ти ја полни душата.

IMG_20170411_210201_595

IMG_20170411_210105_211

IMG_20170411_205914_650

IMG_20170411_204501_479

 

Dress, jacket and purse/backpack : TOM TAILOR

With Love,

DGjurovska

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s