Feeling like a Bond Lady while wearing Marsin…

_DSC9368_crop

Повторно соработка со Marsin и овој пат како и првиот во црвена креација, фустанот кој ме воодушеви со тоа како прилега за еден смел, заводлив и елегантен изглед. Како и името и инспирацијата на самата колекција се чувствував како Bond Lady.

Не многу често може да ме видите во ваков фустан и можеби и не беше еден од моите фаворити кога ги видов моделите на ревијата на Marsin  на овогодинешниот Моден викенд во Скопје, но се додека не го пробав на мене и беше љубов на прва проба.

Марија доследна на своите стандарди, ги исполни и овој пат и секое парче беше “breathtaking” момент кога ги видов одблизу сите модели.

Целата колекција можете да ја видите на страна на Fashion weekend Skopje, со сигурност нема да ве остави рамнодушни се она што со огромна љубов и пасија го работи Марија.

При самата проба одма знаев кој дизајнер на накит треба да го “зачини” изгледот, познавајќи ја новата колекција на Еми Норис која сеуште не ја пласирала пред оние кои ја следат нејзината работа знаев дека ланчето кои го носам на фотографиите совршено ќе се вклопи и сеуште стојам на тоа.

_DSC9398

_DSC9454

Црниот фустан кај кој при првото гледање на ревија читаш “Marsin”…Препознатлив чист крој за брендот со асиметрични детали во долниот дел и заводливи отворени ракави кои веднаш привлекуваат внимание и нема да останете незабележани.

Овој пат позирав пред објективот на фотографот Дарко Митев и ви ветувам интересни сесии и нешто ново, но за тоа во наредна прилика, погледнете дел од неговата работа на неговиот инстаграм профил @darko_ar, млад фотограф за кој допрва ќе чуете.

За шминката и фризурата се погрижија студио “Artistico” и без многу сугестии од моја страна го доловија изгледот кој го имав замислено.

_DSC9537

_DSC9499

Dresses: Marsin

Jewellery: Emi Noris 

Makeup and hairstyle: Studio Artistico 

With love,

DGjurovska

Advertisements

2 thoughts on “Feeling like a Bond Lady while wearing Marsin…

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s