Metamorphosis -part 1

_DSC1381

Уште веднаш по завршувањето на Fashion weekend Skopje, сакав да направам пост со чантата која ја пласирав во склоп на изложбата на која учевствуваме како тим заедно со моите колеги под менторство на професорката Лидија Георгиева, но месец дена подоцна дојде редот. Во соработка со Дарко Митев направивме фотографии и видео кое можете да го видите на следниот линк.

Можеби е и совршен “тајминг” што токму сега го објавувам овој пост бидејќи како што знаете оние кои ме следите се спремаме за овогодинешната завршна ревија со авторска колекција на факултетот каде студирам, и ова е на некој начин најава за она што следи. Темата на изложбата беше Метаморфоза – Metamorphosis, и истата инспирација ќе продолжи и во наредните 2 фази на нашето прикажување како група а од друга страна и индивидуи, на ревијата на ТМФ на 19ти Јуни и учевство на следниот Моден викенд во Скопје во Октомври.

Она што ме инспирираше за оваа чанта-ранец е пред се патувањето во Barcelona,  направив спој со темата зададена од мојот ментор која мислам одлично се вклопи.

Секако како и што практикувам со цел да го оставам својот “белег” на секое парче позади кое стои моето име и овој пат рачно сликав на материјалот, сеуште работам на колекцијата но секако ми е во  план сликањето да не го изоставам на истата. Самата чанта-ранец како што и налага името може да се носи на два начина, ми беше предизвик да направам нешто невообичаено.

Во врска со самото видео морам да споделам со вас дека вокалот кој ќе го слушнете е на мојата другарка Emma.

Емче ми е од оние за цел живот, и не сум пристрасна бидејќи ми е другарка  но иако можеби прв пат ќе слушнете за неа нема да биде и последен, бидејќи песната Set me free каде она стои како текстрописец и вокал е нејзината прва и како таква звучи светски и е вистинска гордост за мене. На линкот можете да ја слушнете целата верзија која е во соработка со dj Todd Haze.

1

2

Photography and video credits: Darko Mitev Argona 

Dress: DGjurovska

Purse-backpack : DGjurovska

Blacelets: Emi Noris 

With love,

DGjurovska

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s