My thoughts dressed on me.

_DSC2610

Оддамна не сум седнала пред мојот лап топ да се посветам на мојот блог и да и малку се “отворам” околу се она што се случи последниов месец но сега не е пригодата, ветувам пост каде ќе го опфатам секој битен момент во изминатиот период.

А сега ќе се осфрнам на новата соработка овој пат со брендот Factory, на фотографиите се прикажани моделите кои се Limited edition и следуваат интересни начини на кој ќе можете да бидете сопственичка на една од овие маички со инспиративни натписи .

Јас лично можам да кажам дека се пронајдов во секоја од нив и можеби не во буквална смисла на натписот туку на начин на кој јас самата го доживеав. Има 5 модели односно секоја од маичките е со ист автентичен крој но различен натпис, повеќе детали за каде и како можете да ги набавите на следниот линк. trgovski.mk

_DSC2790

 

_DSC2802

Inspire

Секогаш за мене најголема мотивација е да некој ме гледа како инспирација, сакам да влијаам на овој или оној начин да луѓето добијат поттик да направат нешто што можеби подолго време сакале а немале храброст или сметале дека некој друг е пречка за тоа а всушност, тие самите како и сите ние сме си едниствена вистинска пречка за успех. Не постои лимит се додека ние сами не го поставиме.

_DSC2579

 

_DSC2587

NoFilter

Можеби  прва мисла која  ми паѓа на памет е  #nofilter и Instagram  но веднаш потоа помислувам на човечките вредности без филтер, оние искрени, вистински . Постојат, доколку ги бараме кај правите личности, доколку не е исфорсирано, се чувствувате комфортно покрај луѓето кој што се секојдневно рамо до рамо со вас….И оние кои се радуваат на вашиот успех, го делат со вас секој среќен момент, тоа се оние за кои сметам дека вербата за вистински вредности ја враќаат со секоја нивна постапка.

_DSC2818

 

_DSC2857

Feminist

Секоја жена треба да е феминст според моето мислење, во смисла да се бори сама за себе, да застане на свои нозе во ова општество кое можеби е сурово но доколку сами го најдеме вистинскиот начин до рамноправност тоа нема да изостане во ниту еден момент. Молкот не е  начин, само со гласно и јасно “Јас” секоја жена ќе го исполни својот сон, цел и посакуваниот успех ќе дојде сам по себе.

_DSC2887

 

 

Not my problem

Овој натпис ме потсетува за тоа дека ако некој има погрешно мислење за вас кое вие сте сигурни дека не е правилно и сметате дека не е оправдано, тоа не е ваш проблем туку на тој од другата страна…Најважно во животот е да останеме “чисти” сами пред себе, најлесно е да впериме прст кон некој со или без причина…Треба да се почне од себе да не се осудува никој, дрскоста и негативната енергија ние сме тие што ќе ја спречиме да допре до нас. Животот е круг, ако некој ви згрешил нешто верувајте дека поголема казна од тоа да тој самиот си ја увиди грешката не постои, препуштете им го тоа задоволство, но и бидете спремни да истото не снајде секој од нас доколку сакајќи или не сме постапиле погрешно во даден момент.

_DSC2922

 

 

 

Следуваат многу нови интересни содржини и во план е соработка толку со Factory каде можеби следен чекор е реализирање на мој дизајн….Следете не!

Shirts: Factory

InspireNoFilterFeministNotMyProblemMyOff-DutyStyle

Photographer: Darko Mitev Argona

With love,

DGjurovska

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s