Best moment happen when they are unplanned.

DSC03092-Edit

Кога конечно си реков дека сакам да направам нов блог пост, се прашував за што да пишувам и тоа ми беше дилема цел ден. А сега кога седнав пред лап топот и го отворив својот блог после неколку месеци си реков доста беше пауза, зошто тука сум своја. Пред 2 месеци се “оградив” од тоа дека ќе имам соработки барем некое време и ми требаше да си направам “restart”.

Како што секогаш сум го третирала блогерството така го третирам и сега. Можеби во скоро секој блог пост го потенцирам тоа и пак ќе кажам дека ова ми е издувен вентил и хоби. Откако почнав да се бавам со ова, до денес се сменети многу работи. Некои на подобро а некои на драстично полоши. Зошто лоши? Бидејќи почнаа да гушат социјалните мрежи. Ова е мој став и не мора да е точен а и да се сложите со истиот, секако.

Гушат од повеќе причини, прво, социјалните мрежи се секогаш розевата страна од приказната, па така доаѓа до идеализирање на многу работи. Второ ни малку не е “fancy” да си “блогер” во многу ситуации иако изгледа се како да е “работата од соништата”. Трето, од оваа работа сеуште не се живее кај нас (секоја чест доколку има такви кои живеат од тоа).  Убавата страна на прогресот во светот на блогерите кај нас е што јас сум пресреќна што имаме девојки кои се светски и го прават тоа на одличен начин.

На крајот од денот верувам дека на секоја од нив ќе и се “исплати” во оној момент кога нејзиниот труд ќе биде препознаен од вистинските луѓе.

Од блогерството веројатно никогаш нема да се тргнам целосно но ќе се штедам за да не го чувствувам притисокот кој го осетив пред да се повлечам на некое време, а ќе бидам искрена и ќе кажам дека не ми беше воопшто пријатно. Се почувствував како да се “откажувам” од нешто што толку долго ме исполнуваше. Па затоа ќе си балансирам на начин на кој мене најмногу ќе ми иде во прилог.

И како и секогаш можеби првиот момент ми е дилема а потоа мислам дека мислите сами се впишуваат, па за да не биде овој блог пост предолг ќе кажам само уште неколку работи.

Во неколку постови на инстаграм периодов знаев да напишам дека многу работи ми се случија кога најмалку очекував. Оставив позади себе многу работи кои ми правеа да “тапкам во место”, се трудев за работи кои не вреди, наспроти тоа ми се случија работи кои направија да верувам дека спонтаното, непланираното е најубаво. Кога се препушташ на магија на моментот и ги оставаш на страна анализите за -што во следниот момент. Кога најважен момент ти е овој сега, и го живееш со “полна пареа”, тогаш единствено можеме да ја почувствуваме среќата на вистински начин.

DSC03055-Edit

DSC03109-Edit

DSC03056-Edit

Photo credits: Marko Marković

Designer: Angela Donevska – blazer dress

Sometimes the best moment are the ones you didn’t plan at all.

With love,

DGjurovska

Leave a comment